Кремот се спрема многу едноставно. Јајцата и шеќерот се матат со вилушка, па се додаваат останатите состојки.

На средна температура на ринглата се става тенџерчето и се меша додека не згусни.
Отприлика 10-15 минути зависно од силата на ринглата.
Готово е кога не паѓа брзо и лесно од мешалката. Сепак, и одокативно нема да згрешите кога да престаните.

Со овој крем се полнат корпињата, а одогора по желба се украсуваат со малку шлаг, парче мандарина и сл.

Јас веќе имав готови корпиња, купени, но ако некој сака да направи или не е во можност да има еве еден рецепт за 12 корпиња во лимени калапчиња што се печат на 180С околу 15на минути.
За тестото потребно е: 110 гр брашно, 55 гр ладен маргарин на ливчиња, 20 гр шеќер во прав, прстофат сол и 1-2 лажици ладна вода за замесување на тестото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови