Доматите се мијат убаво и се сечат на пола. Се додава солта и убаво се гмечат со раце, така се остава 12 часа и се гмечат повремено, откога ќе се претвори во сол , тие делови што не се убаво разградени испасирајте ги, цела смеса поминете ја во машина за домати за лушпите и семките да излезат. Целата содржина ставете ја во дупла газа и оставете ја да се цеди неколку часа. Вишокот течност ќе се исцеди и ќе остане густа смеса. Густата смеса варете ја на оган додека потполно не исчезне водата што ја содржи. Пред крајот ставете една лажица винобран и пирето полнете го во тегли. Теглите ставете ги во рерна на топло да се загреат и оставете ги сами да се изладат во рерната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови