За денес ви предлагам една уникатна комбинација од телешко месо, компир и зеленчук. Верувам дека сите покрај трпезата ќе бидат подеднакво среќни и задоволни кога ќе биде сервирано ова јадење.

1.Најпрво месото исечете го на коцки и ставете го во тенџере. Додајтего ја солта, мешаниот зачин, ситно исецканиот кромид и маста. Ставете го се пржи на среден оган додека да испари течноста.
2. Откако ќе испари течноста додајте го црвениот пипер и додајте 1 л врела вода и оставете да вари на среден оган 2 часа.
3. Кога ќе се свари месото извадете го од садот со течноста и ставете го во друг сад, па тргнете го на страна. Претходно излупениот и исечканиот компир на средни коцки додајте го во течноста во која се вареше месото. Потоа додајте ги претходно исечканиот домат, пиперка, морков на ситни коцки во тенџерето. Оставете да се вари на тивок оган додека да се сварат.
4. Откако ќе се сварат компирите додајте го месото во нив и оставете ги на многу тивок оган да се приготвуваат 15 минути.
5. Во меѓу време промешајте го фантот со 100 мл вода и откако ќе поминат 15 мин по малку од смесата додавајте во тенџерето и нежно промешајте. Оставете го уште 2 минути на оган па тргнете го тенџерето од оган. Откако ќе се олади малку сервирајте по желба. Добар апетит. 

Забелешка-откако ќе се свари месото може да биде потребно да се додаде уште малку вода во тенџерето зависи од месото и од компирот, па ако треба додајте слободно уште врела вода додека да се сварат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани