
Колумбова паштета
Еве еден лесен и едноставен рецепт, со кој што ќе замените еден секојдневен појадок.
 Вариме две јајца и им ја отстрануваме жолчката.
 Ја пасираме жолчката убаво и додаваме сирење една полна супена лажица.
 Промешуваме добро да се соединат и додаваме 2 лажици мајонез и испасирано кромидче.
 Зачинуваме.
 Промешуваме добро.
 Паштетата е готова и спремна за мачкање на топло лебче.
(јас не ја испасирав добро, ми останаа мали грутчиња, но така сакаше ќерка ми. А за да се изеде... ние мајките се ќе направиме..... )
 Ова инаку е рецепт на ќерка ми, настојуваше да се направи и да се испрати.
 На здравје... па пробајте ги вашите дечиња, дали ќе им се допадне......
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови






















