Подготовка:

1. Ги просејуваме сувите состојки во подлабок сад (брашно, сол, пециво, сода бикарбона). Додаваме и бадемово брашно и ванилин шеќер.
2. Во друг сад ги матиме со жица јајцето, павлаката и маслото. Ги мешаме течните состојки со сувите, дел по дел, мешајќи со жица (тестото е густо).
3. Во посебен сад ги мешаме црешите со 2 лажички брашно и ги додаваме во тестото. Тестото го префрламе во намрсен и набрашнет калап за печење (15цм). Печеме во загреана рерна на 180степени 40-45 минути.
4. Откако ќе се испече оставете го колачот 15-20 минути, а потоа извадете го од калапот за да се олади целосно. Декорирајте со малку шеќер во прав и послужете.

На здравје!

*Зaбелешка: Од оваа доза излегува доста мал колач, доколку ви треба десерт за повеќе луѓе направете дупла доза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови