27
мар
2012
Колачи со вино
Се замесува тесто од наведените состојки. Брашното може да биде или повеќе или помалку во зависносто од мерката. Тестото треба да биде не многу тврдо ни премеко, треба да може да се сука.
Потоа се развлекува кора во дебелина од пола сантиметар и се сече на ленти и хоризонтално и вертикално во ширина од 7-8см за да се добие форма на квадрати.
Во секој квадрат се става по една лажичка мармалад по желба. Квадратот се преклопува за да се добие форма на триаголник и со вилушка се притиснуваат краевите за да се залепат.
Се ставаат во подмачкано тавче.
Се печат на 180-200 степени околу 15 минути.
Потоа се валкаат во шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови