6
дек
2014
Кокосово млеко
Кокосовото млеко е најдобра алтернатива за кравјото, оризовото и соиното млеко. Може да се користи за смуди, колачи, но и да се пие засладено со една лажица мед. Богато е со масни киселини и лауринска киселина.
Можете да го приготвите брзо и лесно во домашни услови.
Се ставаат кокосовите снегулки и водата на оган на ептен тивко 3-4 минути. Потоа се тргна настрана и се блендира неколку минути. Се процедува низ газа. Може да се додаде ванила или мед. Се чува во фрижидер и се може да се користи 3-4 дена.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови