Во градов наш одвај најдов производи од спектарот на Дониа, а тоа да е поразлично од локум или алва. Со Рома колачите, малку кулинарска фантазија и желба за нов десерт произлезе и ова кремасто коконут уживање кое одличнооо беше...добро кажав БЕШЕЕЕ...бидејќи кратко траеше.. Подготовка Бел крем Крем сирењето, шеќерот и ванилата се матат со миксер, а потоа во нив се додава павлаката и кокосот. Добро се соединуваат и на крај им се додава малку растопеното кокосово масло. Жолт крем Прашокот за пудинг се мати со млеко според упатството за употреба наведено на кесичката. Потоа го ставив во шприц за декорација на торти Рома кокос колачите на Дониа ги издробив со прсти и ги употребував постепено и по потреба како еден слој од овој вкусен десерт. На дното на тегличката ставив најпрво од издробените Рома кокос колачи, ги попрскав со 3 лажици кокосово млеко и врз нив ставив еден слој од белиот крем, за врз него потоа со шприцот да ставам уште еден слој од жолтиот крем. Постапката ја повторував додека го потрошив целиот материјал за десертов. Најозгора декорирав со шлаг, чоколадо и малку кокос. Пријатно кремасто коконут уживање !