Кокмишка со јогурт и сирење
Секогаш се радував кога мајка ми ќе ни ја направеше кокмишката, а сега и син ми се радува, па со една чаша јогуртче е омилен ручек.
Најпрво го оставаме квасецот да надојди и потоа го додаваме брашното, солта, маслото и постепено го додаваме јогуртот. Убаво месиме и ја додаваме водата. Кога ќе добиеме средно меко тесто го оставаме 5 мин.да одмори и потоа го делима на два дела.
Од секој дел сучиме кора ја мачкаме со половината маргарин и нанесуваме сирење. Кората ја виткаме во ролат и сечиме ролатчиња со дебелина отприлика колку три прсти и ги редиме исправени во намрсена тркалезна тава. Истата постапка ја правиме и со другата кора. Ја оставаме кокмишката на топло да скисни околу 30 мин.
Ја премачкуваме со јајцето и сусам и меѓу парчињата ставаме по малку маргарин за да можеме полесно да ги одделиме кога ќе бидат печени. Печиме на 200 степени околу 30 мин..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови