Подготовка
1. Квасецот ставете го во млекото, додајте го шеќерот и малку брашно. Почекајте да се активира.
2. Сварениот и изладен компир, изгмечете го со алатка за пире и измешајте го со јајцата, солта, активириниот квасец и брашното, па измесете меко тесто, кое може да биде и малку лепливо.
3. На набрашнета работна маса расучете го што потенко можете и премачкајте го со 1/3 од маргаринот. Издиплете го како за лиснато и ставете го во фрижидер половина час. Така направете три пати.
4. Повторно расучете го и исечете го на правоаголници. На едниот крај ставајте од филот и виткајте во ролатчиња или во триаголници. Во секој случај изборот на форма е ваш, тестото е погодно за секоја форма.
5. Одозгора се премачкани со јајце и сусам. Се печат во загреана рерна на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови