
Карамелизирани бадеми
Во плех од шпорет ставете хартија за печење и премачкајте ја хартијата со малку зејтин.
Шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот и водата ставете да се варат во едно широко и длабоко тавче. Кога ќе зоврие и шеќерот се стопил, додадете ги бадемите, намалете малку температурата (кај мене на 7 од 9) и продолжете со варење. За цело време мешајте со дрвена лажица. По некое време кога шеќерот ќе се залепи на бадемите и кристализира (види дополнителни слики), намалете ја повторно малку температурата (на 6 од 9) и цело време мешајте со лажицата. Сега ќе почне шеќерот постепено да се топи и карамелизира. Штом ќе се стопи целосно и бадемите се застаклени, истурете ги врз хартијата за печење и со лажицата колку можете одвојте ги еден од друг. Оставете убаво да се изладат па потоа спакувајте ги во теглички со капак.