Во овој период од годината едноставно човек не може без нешто печено!

Во сад се соединува брашното, шеќерот, меленото кафе, солта, јајцето, путерот и ванилата. Се меси тесто кое се остава во фрижидер да одмори 30 минути.
Млекото се загрева до вриење, се трга од оган и во него се додава исецканато чоколадо и цимет. Се меша до воедначнување, смесата комплетно се лади во фрижидер. Треба да се стегне и да се добие крем.
Од тестото на набрашнета површина се развлечува кора од која се вадат форми по избор.
Се печат на 175 степени, 8-10 минути.
Секоја форма се слепува со чоколадниот крем и се преклопува со друга.
На здравје..