Кифлите се преубави меки како душа. Ги направив чисто случајно после трета смена кога сакаш да ги изненадиш домашните со нешто домашно и топло, но уморот не ти дозволува да си ја довршиш работата. И она што ми дојде прво на памет ќе ги ставам така замесени во ладилник ќе го успорам стасувањето и кога ќе станам од нив ќе направам кифли. Така и направив и не згрешив. После 4 часа во фрижидер тестото беше меко и убаво за работа. Од тестото направив преубави кифли на кои им дадов име калчунки т.е топлинки кои нашите стари баби ни ги плетеа во зимскиот период.

Подготовка:

1. Во течните состојки постепено додавајте квасец, пециво, сол, шеќер, оцет, брашно. Најпрво со маталка или шпатула, а на крај со рака. Замесете мазно тесто кое не се лепи. Овде мора да напишам дека ништо не подгревав, за да не се убрза постапката за стасување.
2. Така замесеното тесто го ставив во фрижидер околу 4 сата. Стасаното тесто го поделив на топки кои ги расукував во правоаголна форма. Кифлите ги полниме со пица филот и ги затвараме од двете страни. На средина оставаме отворен простор.
3. Сега вклучете ја рерната на 200 степени и почекајте да се загрее, а за тоа време токму кифлите малку ќе одморат. Кога рерната ќе се загрее, кифличките премачкајте ги со разматени жолчки,млеко и наросете ги со сусам и мак. Печете ги 20 минути.

На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани