Прво од сите горе наведени состојки замесуваме мазно тесто, нелепливо и го оставаме во фрижидер. После 30 минути го делиме на 10 топчиња, секое со дланка или со сукало го растанчуваме и ги обложуваме ненамастените калапи.Потребни се 10 калапчиња. Печeмме на 190 с околу 9-10 минути. Ги превртуваме калапчињата и сами излегуваат кошничките. Додека се ладат го спремаме кремот. Во касерола ги налеваме пудингот, шеќерот и млекото. Вариме до згуснување. Додека е топло го додаваме и чоколадото.Повремено промешуваме да не фати кремот кора и малку да се подизлади. Сега ги премачкуваме кошничките со малку растопено чоколадо. До колку сакате крцкави кошнички така постапете. А ако сакате меки кошнички тогаш не ги премачкувајте од кремот ќе упијаат и ќе омекнат. Сега во средината на секоја кошничка ставаме фил. Јас во моментот имав сос од малини, па ставив и од него, но и не мора. Може да се стави било кое сезонско овошје. Декорацијата ја завршуваме со изматена слатка павлака.