Испечати

Какао кошнички со бел крем

Какао кошнички со бел крем

Состојки

  • За тесто
  • 1 јајце
  • 70 гр шеќер
  • 70 гр путер
  • 1 рамно лажиче пециво
  • 2 лажички просеано какао
  • 90 гр брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • За крем
  • 1 пудинг од кокос
  • 50 гр бело чоколадо
  • 450 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • За прелив
  • Желе од малини (или по ваш избор)
  • 50 гр растопено чоколадо за премачкување на кошничките
  • 50 мл слатка павлака за декорација

Подготовка

Прво од сите горе наведени состојки замесуваме мазно тесто, нелепливо и го оставаме во фрижидер. После 30 минути го делиме на 10 топчиња, секое со дланка или со сукало го растанчуваме и ги обложуваме ненамастените калапи.Потребни се 10 калапчиња. Печeмме на 190 с околу 9-10 минути. Ги превртуваме калапчињата и сами излегуваат кошничките. Додека се ладат го спремаме кремот. Во касерола ги налеваме пудингот, шеќерот и млекото. Вариме до згуснување. Додека е топло го додаваме и чоколадото.Повремено промешуваме да не фати кремот кора и малку да се подизлади. Сега ги премачкуваме кошничките со малку растопено чоколадо. До колку сакате крцкави кошнички така постапете. А ако сакате меки кошнички тогаш не ги премачкувајте од кремот ќе упијаат и ќе омекнат. Сега во средината на секоја кошничка ставаме фил. Јас во моментот имав сос од малини, па ставив и од него, но и не мора. Може да се стави било кое сезонско овошје. Декорацијата ја завршуваме со изматена слатка павлака.