9
сеп
2021
Италијанска паста-салата со беби моцарела и зеленчук
Многу вкусен, брз летен оброк е мојот денешен предлог.
Подготовка:
1. Во тенџере ставаме вода и сол да зоврие. Ја додаваме тестенината и вариме според упатството.
За тоа време ги подготвуваме останатите состојки.
2. На црвениот домат му го отстрануваме семето, па го сецкаме на мали коцки. Измиените краставица, лута пиперка, млад кромид, ситно ги сецкаме, како и маслинките. Овие состојки заедно ги соединуваме со беби моцарелата.
3. Сварената тестенина ја процедуваме и оставаме да се излади. Во мал сад ги соединуваме сите состојки за дресинг. Сега се заедно спојуваме и сервираме во два тањира и послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани