Испечати

Италијанска паста-салата со беби моцарела и зеленчук

Италијанска паста-салата со беби моцарела и зеленчук

Состојки

  • 300гр најситна тестенина
  • Вода и сол за варење
  • 1 црвен домат
  • 1/2 свежа краставица
  • 7,8 каламата маслинки
  • 2,3 млади кромитчиња
  • 1 лута пиперка
  • 100гр беби моцарела
  • Дресинг
  • 2,3 лажици маслиново масло
  • 1лажиче мешавина на италијански зачини
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 1лажица сок од лимон

Подготовка

Многу вкусен, брз летен оброк е мојот денешен предлог.

Подготовка:

1. Во тенџере ставаме вода и сол да зоврие. Ја додаваме тестенината и вариме според упатството.
За тоа време ги подготвуваме останатите состојки.
2. На црвениот домат му го отстрануваме семето, па го сецкаме на мали коцки. Измиените краставица, лута пиперка, млад кромид, ситно ги сецкаме, како и маслинките. Овие состојки заедно ги соединуваме со беби моцарелата.
3. Сварената тестенина ја процедуваме и оставаме да се излади. Во мал сад ги соединуваме сите состојки за дресинг. Сега се заедно спојуваме и сервираме во два тањира и послужуваме.