Интегрални срциња
Интегрално пециво кое може да го комбинирате со 'ржано брашно, ама може и целото тесто да е со интегрално брашно. Во секој случај здраво и вкусно пециво.
1. Квасецот со малку вода се раствора. Се додава кон брашното. Се додава сол, маслинов зејтин и се додава млака вода постепено. Се замесува средно меко тесто. Вода може ќе ви е потребна повеќе од пишаната, се зависи од типовите брашно.Јас пишав толку колку што јас ставив.
2. Тестото се остава покриено да надојде и да го дуплира својот волумен.
3. Се расукува кора со дебелина од 1 сантиметар и со модла-срце се вадат форми кои се редат на хартија за печење.
4. Се остава да надојдат малку околу 15 минути, се премачкуват со вода и се поросуват со некое семе по желба.
5.Се печат на 200 степени во загреана рерна да поруменат (15-20 минути).
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови