1. Во брашното го додаваме квасецот,, солта, шеќерот, зачините и со дрвена лажица мешаме. Ја додаваме топлата вода и маслиновиот зејтин и матиме со миксер. Го покриваме тестото и оставаме да го дуплира својот волумен околу 1 час.
2. Плехот во кој ќе ја печеме го намастуваме и со раце го распескуваме тестото во плехот. Се прават дупчиња во фокачата (со дршка од дрвена лажица). Одозгора се премачкува со маслинов зејтин и во дупчињата се става по парче домат. Се поросува со мешавина од зачини. Се остава да стасува 30 минути.
3. Фокачата се пече околу 30 минути на 180 степени.
4. Кога е печена се покрива со крпа за да одмори околу 10 минути и потоа може да се служи.
Иако е со интегрално брашно, мека е како душа, за вкусот нема потреба да коментирам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови