Во топлата вода ги ставаме шеќерот, квасецот и едно лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличката ги додаваме солта, маслиновото масло и двата вида брашно.
Замесува меко тесто, дури и по малку лепливо.
Го покриваме и оставаме да кисни 30 минути.
Потоа кратко го премесуваме и оставаме да кисни уште 15 минути.
Со намрсени раце го преместуваме тестото во округла тава на делимано за пица и нежно го тапкаме со рацете правејќи мали дупчиња.
Попрскуваме маслиново масло, наросуваме рузмарин, ставаме маслинки.
Кисни уште 10 минути и печиме во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани