Интегрален леб со семки
- Од потребната количина млеко тргнете околу 50 мл. додадете шеќерот и квасецот и оставете да се запени.
- Двете врсти на брашно просејте ги во садот во кој ќе месите, додадете солта, путерот кој претходно сте го стопиле и се оладил, веќе спреманиот квасец и остатокот од млекото, семките кои крупно ќе ги истолчите. Замесете го тестото, покријте и оставете да се волуменот дуплира.
- Во меѓувреме пригответе плех во кој ќе печете и постелете го со хартија за печење.
- Стасано тестото само кратко премесете на работната површина посипана со малку брашно, поделете го на два дела и формирајте го лебот било округла форма било векна, ставете во плехот, покријте и повторно оставете да стаса.
- Додека стасува вклучете ја рерната на 180 степени. Пред да го ставите лебот посипете со малку брашно, насечете во косина или како сакате вие, ставете во загреаната рерна да се пече околу 40-45 мин. или зависно од рерната, додека убаво не поруменее.
Интересен е лебот ако кај семките додадете и гоџи...
Да ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани