Подготовка:

1. Од наведените состојки потребни за тестото го замесуваме истото. Тестото треба да е замесено на меко и зависно од брашното може да ви треба повеќе или помалку вода.
2. Откако убаво ќе го измесите, го делите на два дела, еден поголем, друг малку помал.Така поделеното тесто го оставаме да надојде, околу 20на минути, покриено со крпа.
3. Го земаме едниот дел од тестото и го расукуваме во круг. Целата кора ја мачкаме со путер, наросуваме брашно и ја сечеме на делови, па сите делови ги преклопуваме еден на друг. Го повторуваме истото и со другиот дел од тестото. Ги покриваме со најлонска фолија или крпа и ги оставаме да одморат 30-40 минути, а за тоа време го подготвуваме филот.
4. Празот го сецкаме на ситно и го пропржуваме со малку масло колку да омекне. На страна го дробиме сирењето, ги додадаваме јајцата, а откако ќе се олади празот се соединуваме во една смеса.
5. Откако тестото ќе надојде, го земаме прво поголемиот дел и го расукуваме повторно во кора, малку поголема од големината на плехот, во кој ќе се пече, бидејќи од неа треба да се направи витката на крајот. Плехот може да го намрсите или да го обложите со хартија за печење. Врз кората ставаме дел од филот. Го расукуаме и вториот дел од тестото во кора, која ќе ја ставите одозгора. Со таа кора правиме набори. Ја правиме витка, а потоа целиот зелник го премачкуваме со маслко и на крај го боцкаме го со вилушка.
6. Го печеме во загреана рерна, најпрво на 200С, а по 10 минути, па ја намалуваме на 180С. Печеме околу 35 минути додека не порумени. Откако е испечен го попрскуваме малку со вода, и го оставаме покриен со крпа 10тина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови