Месиме тесто од брашното, водата, квасецот и солта. Внимавајте водата треба да биде топла. Тестото го делиме на 12 топчиња од кои 5 големи 4 средни и 3 мали. Најнапред ги расукуваме големите топчиња. Секое големо топче го расукуваме со сукалка. Расуканата кора ја попрскуваме со зејтин. Додека на 4 расукана кора редиме од празот. Така наредени едно на друго корите ги ставаме во тава со број 32 и краевите ги виткаме во форма на плетенка. Потоа повторно редиме од празот и постапката ја повторуваме со средните и со малите топчиња. На крај зелникот го оставаме да нарасне околу 20 мин. Така нараснатиот зелник го премачкуваме со јајце. Печеме на температура од 180 степени 30 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови