Зелени Гринч-колачиња
Ги сакам овие наши празници.
Целата атмосвера околу подготовката на празничните трпези е толку убава, волшебна.
Подготвив и едни преубавки колачиња, ајде и нив да ви ги кажам.
Децата ќе се израдуваат кога ќе ги видат на масата.
Најпрво земете еден сад каде ќе ги мешате сите состојки.
Помешајте ги сувите состојки, брашното, шеќерот, путерот.
Додадете му го цитрон шеќерот, кората од рендан лимон,пецивото,ванилата, а потоа и прстоат сол.
Капнете неколку капки прехрамбена зелена боја.Замесете убаво меко тесто.
Ги обожавам овие теста за работа.
Така се меки и преубави.
Вадете топчиња со мала лажичка со големина колку еден орев и раплеснете ги малку.
Попрскајте ги со мали декоративни топчиња и ставете да се пече.
Печете толку долго, само колку да се печени од двете страни.
Внатрешноста треба да им е мека, ровка и преубава.
Препорачувам да ги печете на 180 степени околу 10 до 12 минути.
Отакако ќе се испечат оставете ги во плехот нека одморат, да добијат цврстина, па потоа извадете ги.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови