
23
јан
2020
Зелена салата со лимон
Дали сте пробале наместо оцет да ставите лимонов сок во салатите? Ако не - пробајте. Ем поздраво, ем вкусно, ем листовите не овенуваат - напротив, остануваат свежи.
Подготовката на салатата е едноставна, исечкајте ги миените листови, додадете масло и сол и одозгора прелејте со свеж сок од цеден лимон. Додадете исечкани маслинки. Декорирајте со парчиња лимон.
Оваа салата одлично оди со риба или пилешки стек и е многу свежа и здрава особено заради железото во спанаќот кое за да се апсорбира во организмот потребно д да се врзи со витаминот Це кој го има во лимонот.
Наздравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови