1. Во тенџере на оган се става 500мл млеко со 10 лажици шеќер да зоврие.
2. Во 300мл млеко се раствораат 2 пудинга од ванила и се додаваат 2 жолчки.
3. Пудингот се додава во врелото млеко и се прави крем.
4. Посебно се мати 250гр маргарин, па се меша со оладениот крем.
5. Во калап обложен со фолија се редат парчиња од Јумбо ролл Винчини со дебелина 1цм.
6. Потоа се нанесува половина од кремот, се става меката кора за торти, која се натопува со сок од пола портокал, се става втората половина од филот, а на крај се редат повторно парчиња од Јумбо ролл Винчини. Тортата се остава во калапот околу 3 часа во ладилник.
7. Оладената торта се става на чинија, се отстранува фолијата и се украсува со 500мл изматена слатка павлака и срца од фондан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови