Сезона е на аспарагус, па ви е предлагам оваа идеа за негово спремање.
Најпрво исчистете ги стапчината аспарагус.
Одстранете го долниот тврд дел и потоа со ноже за лупење компири излупете ги од долниот дел некаде до повеќе од половина. Ставете ги да се варат во посолена вода некои 5-6 минути малку да омекнат. Исцедете ги од водата и оставете ги малку да изладат.
Земајте по 3 или 4 стапчина аспарагус и завиткајте ги со по една или две ленти чадена сланина (зависи од големината) и наредете ги во плех. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 -20 мин колку да се зацрвени сланината.
Кога се готови извадете ги од рерната и спржете ги јајцата на око.
Во секоја чинија наредете по 3 парчина од аспарагусот и одзгора ставете по едно јајце посипано со пармезан.
Послужете ги додека се топли со свежа салата по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани