Залачиња со мелено месо
Количината на состојките одредете ја сами, тоа е во зависност колку залачиња ќе направите.
За еден плех за мали мафини, 24 на број, јас искористив приближно 300 гр мелено месо, во него ставив една жолчка, половина рендан кромид, 2-3 лажици исечкан магдонос, сув зачин и бибер по вкус. Вие направете го по ваша желба.
Тестото е обично, брашно, вода, квасец, како веќе го правите вашето омилено тесто за пица.
Вдлабнатините од калапот премачкајте ги со маргарин.
Во секоја вдлабнатина втиснете дел од тестото, ви треба парче отприлика со големина на орев.
Од измесеното месо направете мали топчиња и поставете ги во секој дел и печете во загреана рерна на 200 степени.
Одозгора, пред да ги јадите, убаво е ако ставите едно лажиче таратур, го освежува вкусот.
Ова е само една идеја за убаво предјадење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Многу добра идеја, by the way.