Желиран овошен десерт
- 10 гр. желатин ставете мал сад или филџан, залијте го со 3-4 лажици ладна вода и оставете да набубри. Исто така постапете и со останатите 10 гр. желатин кој ќе го сочувате за желирање на сокот од јаболка.
- Измешајте ја слатката павлака со млекото, загрејте ја, пробајте за слаткоста, може доколку сметате додека се загрева додадете шеќер. Тргнете на страна, ставете го желатинот и нека се стопи. Мешајте додека се стопи. Добивате веќе Панакота која ќе ја истурите во модла која сте ја избрале вие. Јас ставав во помали модли. Треба да биде наполнета модлата. Ставете да се лади, преместете во фрижидерот и нека стои се додека добро не се желира - на допир да е цврсто.
- Загрејте го сокот од јаболката, тргнете на страна, додадете го желатинот, нека се стопи, оставете го да олади, но не и да желира.
За да го направите изгледот како што јас го спремав - потребни се две исти модли.
- Земете ја празната иста модла во која веќе е ставена панакотата.
- Извадете ја добро желираната панакота од модлата, исечете ја на онолку делови колку што сакате вие да е шаренолика. Земете ја празната модла, ставете малку на дното од оладениот јаболков сок, ставете малку овошје, ставете на кратко во фрижидерот. Потоа извадете и исечените делови ставајте, но внимавајте да биде наизменично ставана. Во празните делови од модлата ставете овошје по ваш избор, залијте со сокот од јаболката, оставете во фрижидер да се лади и сега повторно со овошјето и јаболковиот сок да се многу добро желира - најдобро преку ноќ. Наредниот ден извадете од модлата и сечете - јас сечев така да се пресече половина од проѕирниот дел - половина од млечниот дел.
НАПОМЕНА
- Јас опишав како приготвив јас, не значи дека морате така, убаво и да се стави проѕирниот дел во кој ќе ставите овошје - нека желира, потоа истурете го млечниот дел - нека желира и наредниот ден извадете и служете. Нормално дека кога ќе го вадите десертот треба да внимавате. Јас правам во силиконски модли, за да многу не се вртам околу превртувањето. Едноставно ставам во сад топла вода и за кратко ја потопувам модлата но речиси само дното да се допира... потоа е лесно - ставете ја тацната на која ќе стои десертот, врз неа превртена модлата со дното нагоре - малку протресете и ќе излезе. Има полно убави варијанти за ваков вид на десерти.
Уживајте... се надевам бев јасна.
Доколку сакате да полните голема модла - тогаш состојките треба да се зголемат.
Лиценца: Сите права се задржани
Прекрасно, секаде различно