18
ное
2021
Есенска салата
Мојот денешен предлог. Салата настаната од моментална инспирација, од состојки по дома
Превкусна.
Подготовка:
1. Во сад ги соединуваме сечканите компири, морков, јајца, магдонос, праз, марула, чили. Промешуваме. Додаваме сенф, киселата павлака, мајонез, сол, бибер, куркума. Соединуваме убаво. Ако ви се чини сува салатата додадете и 2 лажици јогурт. Сервираме во длабок сад. На површината го рендаме белото сирење.
2. Сланината ја сецкаме на коцки и ја запржуваме да пушти арома и да биде крцкава. Ја нанесуваме врз сирењето. Сликаме на брзина и дегустираме
Лиценца: Сите права се задржани