Можете да ги јадете како ужинка, за заблажување или едноставно за додатна енергија. Комбинацијата во овој рецепт дозволува секаква промена во делот на изборот на јаткасти плодови, семиња и суво овошје. Главното е да се запази соодносот, односно на 1 чаша овесни снегулки да се додаде 1 чаша микс од јатки, семиња и суво овошје.

Подготовка

1. Овесните снегулки грубо ги ситниме во електричен сецко.
2. Сувото овошје го сецкаме на помали парчиња. И јаткастите плодови ги сецкаме. Семињата јас ги додадов цели.
3. Сите овие суви состојки ги соединуваме, па ги додаваме медот, кората од портокалот (претходно одстоен во вода со сода бикарбона) и сокот од портокалот.
4. Добиената смеса (леплива и густа по структура) рамномерно ја распоредуваме во помал плех (врз хартија за печење). Покриваме со друго парче хартија одозгора и рамниме со сукало, па ја тргаме горната хартија и по потреба дооформуваме, со помош на силиконска шпатула, во дебелина по желба (кај мене со димензии 20х15цм).
5. Печеме во загреана рерна на 200 степени, до заруменување (јас печев 15 минути). Доколку сакате да бидат покрцкави печете подолго време на послаба температура. Испечената гранола целосно нека олади, па со остар нож сечеме парчиња во големина по желба.

Забелешка - По вкус може додатно да ги чоколадирате. Мешавината е по ваш вкус, јас ставив сусам, семки од тиква, семки од сончоглед, ленено семе, ореви, лешници, урми, суво грозје, брусница.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани