Се става да зоврие водата и маслото. Од кога ќе почне да врие нека поврие 5-7 минути, сепак зависи и од шпоретот. Се додава 350 гр. брашно, се промешува и веднаш се трга од ринглата. Пак се меша смесата да се соедини и додека да поолади смесата значи околу 5-10 мин. Се остава на собна температура да се излади уште некои 10 минути. Потоа со миксер промешуваме и ги додаваме едно по едно јајцата. Кога смесата ќе се соедини го исклучуваме миксерот.
Потоа во плех ставаме мрсна хартија за печење и со помош на шприц правиме форми по желба. Меѓу секој еклер се остава околу 2 сантима празен простор. Се става да се пече. Во текот на печењето не се отвара никако рерната. Кога ќе добијат убаво златна боја ги вадиме од рерна.
Го ставаме следниот плех да се пече. Откога ќе се испече и тој, го ставаме и последниот и почнуваме да го правиме филот.

Фил
Млекото, шеќерот, брашното и 2 јајца се стават на среден оган. Се меша повремено. Кога ќе почне да се згуснува смесата се меша се додека не се згусти убаво. Се трга од оган са поолади малку, се додавата маргаринот и се меша за да се растопи внатре.

Почнуваме да ги сечеме еклерите за да се полнат. Откога ќе ги исечеме сите ги филуваме. На пареа ја топиме чоколадата со маргаринот. Ги преливаме одозгора. Може и со кеса да ги украсиме вака како на главната слика или со шприц. Како ви е полесно така.

*Забелешка
Мене ми излегоа 3 плеха и 50 еклери. Ако ги правиме помали излегуваат до 65. Овие цели полиените со чоколадо ми се од претходниот пат, но ете ги ставив сликите за да се види. Може да ви остане од чоколадото малку, ако не ги сакате со многу чоколадо. Пријатен апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови