Овој рецепт е еден од моите најомилени и морам да напоменам дека е многу, многу вкусен. Пробајте и уживајте

Белките и шеќерот се матат со миксер, како шам. Потоа се додаваат бисквитите и оревите. Се меси со рака. Тестото треба да биде средно меко. (ако тестото е многу меко се додаваат уште бисквити или ореви).
Црното чоколадо се топи на пареа. Потоа тестото се расукува на проѕирна (стреч) фолија со сукало, се премачкува со растопеното чоколадо, се мота во ролат и се остава да се стегне. Откако ќе се стегне се премачкува со растопено бело чоколадо и по желба се украсува со црно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани