Во млаката вода ги ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Додаваме сол и масло.
Промешуваме со дрвена лажица и постепено додаваме брашно.
Максимум треба да се потроши 450 гр брашно.
Колку е понамеко замесен лебот, толку поубав ќе биде.
Значи тестото кое ќе го добиеме треба да биде лепливо.
Го оставаме во вангличка, го покриваме со чиста крпа и оставаме да се дуплира.
Потоа работната маса ја набрашнуваме и го истураме тестото.
Без да го премесуваме го ставаме во округла тава бр 26 или јас го ставив во 2 долгнавести калапи, го поделив.
Ги покриваме калапите и оставаме на топло 30 минути.
Печиме во загреана рерна на 200 с околу 30 минути.
Изваден лебот од рерната, го премачкуваме со растопен путер, го покриваме со чиста крпа да одстои 5 минути во калапите, а потоа го вадиме на кујнска решетка да се олади.
Сечеме парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани