Домашни ѓозлеми Gözleme
Во еден сад се ставаат млаката вода, шеќерот, солта, квасецот и маслото, убаво се промешува додека квасецот се растопи. Потоа постепено се додава брашното и се замесува тесто кое што не се лепи по прстите. Така подготвеното тесто се остава да одмори 20-30 минути. Се разделува на 8 топчиња, путерот се растопува.
Од секое топче се расукува тенка кора. Не е потребно да е тенка како за кори за баклава на пример, но сепек треба да е тенка. Кората се прска со 1 лажица путер се додава полнеж (сирење, изварка или нешто друго), секоја кора се завиткува како поштенски плик.
Така подготвените ѓозлеми се печат во тавче на оган, за секоја ѓозлема во тавчето се става по 1 лажица масло.
Секоја ѓозлема се печи по 2-3 минути од секоја страна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови