Меки, пенасти колачиња, кои одлично одат со чаша млеко или кафе.

Најпрво ги подготвуваме колачињата
1. Во длабок сад го ставаме јајцето, шеќерот и ванилата, миксираме до згуснување. Потоа ги додаваме путерот (стопен на пареа, и изладен) и млекото. Миксираме. На крај ги додаваме претходно соединети (брашното, какаото и пецивото).
2. Добиената смеса ја ставаме во готварски шприц, и ги истиснуваме колачињата врз хартија за печење. Врвовите на секое колаче ги рамниме со малку навлажнет прст.
3. Печеме во загреана рерна на 170 степени (околу 8 минути). Ги оставаме колачињата да оладат, пред да ги споиме едно со друго со желатин смесата. Во меѓувреме ја подготвуваме желатин смесата.

Подготовка на желатин смесата
4. Во длабок сад го ставаме желатинот, додаваме 30 мл ладна вода, мешаме да се раствори и го оставаме кратко додека да набабри желатинот.
5. Сега во мало тенџерче ги ставаме водата, сокот од лимон и шеќерот. Мешаме додека да зоврие смесата, па го додаваме набабрениот желатин, мешаме да се растопи и тргаме настрана. Оваа течност веднаш ја префрламе во сад за матење, миксираме на најбрзата брзина до згуснување.
6. Добиената желатин смеса ја ставаме во готварски шприц и веднаш ги филуваме колачињата (ставаме на едното колаче, спојуваме со другото).

*Забелешка - Јас во смесата по мој вкус додадов 1 м.л. цимет.
Разликата во количината на брашно е поради големината на јајцето, додавајте го постепено додека да добиете смеса како за класичен пандишпан.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани