Домашни колбаси
Зимниот период на празници не поминува без домашни колбаси. Традиција.
Ги правиме од око, меѓутоа годинава се потрудив да измерам за да имам отпилика мерка, но сепак секој си прави по свој вкус.
1. Месото го мелиме на професионална машина, еднаш, на покрупно сито.
2. Му се додава солта и убаво се меси со раце и се остава преку ноќ да отстои на ладно.
3. Другиот ден се додава ситно сецканиот праз, мелениот црн пипер и буковската пипер. Исто убаво се меси и се формираат топчиња за полесно да биди кога ги полниме.
4. Машината се монтира, се става специјалниот дел за полнење. Цревата се потопени претходно во топла вода со сол, па измиени и повторно во топла вода.Се ставаат цревата и се полнат.
5. Готовите колбаси се редат на подолг стап, на ладно да стојат, околу 24 часа. Па другиот ден ги сушиме на шпорет, исто околу 24 часа. Се тргаат од топлото и се оставаат повторно на ладно, наредени на стап да се изладат, па се сечат. Ги пакуваме во најлончиња и чуваме во фрижидер за длабоко замрзнување.
На здравје!
п.с. Ова е процес за кој треба најмалку двајца, заради полнењето. Еден ги држи цревата и ја определува големината, а другиот врти на машината. Во однос на солта можи и 18%, зависно од вкус. Ние со 20%.
Највкусни ни се во ваков состав, но пак ќе напоменам, секој си дава зачини по вкус.
Лиценца: Сите права се задржани
Со здравје да се јадат.
Колку мераклиски направени.За вкус не се сомневам туку да си засучам ракав и јас да си направам.Вака фотографијата само форес прај.
Со здравје да си ги јадете :-)