Кога станува збор за рецепт за кифли морам да признаам дека сеуште ми е предизвик да го најдам, да речам, најдобриот да се меки, вкусни и по некое време. Ова е еден баш таков рецепт за кој сите што ги пробаа останаа без збор.

Подготовка:
1. Во сад го ставаме квасецот, шеќерот, солта, млекото кое малку замлачено, и јајцата, па со маталка се мешаме. Потоа го додаваме маслото и брашното и месиме убаво меко тесто. Сега може да ви треба можеби и повеќе брашно, но внимавајте да е меко тестото не многу јако. Така добиеното тесто го оставаме да надојди околу 1 час.
2. Откако тестото е стасано, правиме 15 топчиња. Секое топче го расукуваме со големина колку една чинија, и редоследно едно го мачкаме со растопениот маргарин, и се така до 4то, и последното не го мачкаме. Расукуваме не многу голема кора и ги правиме кифлите.
3. Ги ставаме во плех обложен со хартија, и ги оставаме повторно околу 40на минути да надојдат. Пред печење ги премачуваме со јајце и наросуваме со сусам. Ги печеме во загреана рерна, додека не поруменат убаво. Штом ги извадиме уште топли ги премачуваме повторно со малку маргарин.
Кифлите се многу меки и вкусни и се јадат во еден здив.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови