Убава, брза и превкусна домашна супа од домати, која сега е идеална во овој период кога доматите ги имаме во изобилство.
Најпрво на тенџере на оган го ставаме маслиновото масло, го додаваме сецканиот кромид, лук и малку пропржуваме.
Потоа ги додаваме морковите, ситно сецканиот босилек, доматите кои претходно јас ги лупам, ги чистам семките ако се поголеми и ги блендирам убаво за да биди помазна и поубава на изгледа супата.
Ги додаваме солта, водата, сувиот зачин, биберот, водата и оставаме да се вари на тивок оган околу 30 -40 минути.
Откако е се готово, сварено, повторно со рачен блендер блендираме заедно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови