Домашен јогурт
Млекото ставего во поголем лонец. Загревајте го на тивок оган додека почне да има меурчиња и да се поткрева. Претурете го ако имате во сад за кисeлење млеко или оставете го во лонецот. Оставете да се подолади додека стигне температура до кога можете да издржите 20 секунди со прст(претходно измиени раце).
Одделете неколку лажици (околу 100 мл.) од млекото, претходно тргнат кајмакот кој се насобрал. Измешајте со јогуртот, полека додавајте од растворениот јогурт и полека измешајте. Покријте со капак и завиткајте го во ќебе. Оставете го на собна(малку потопла) температура, околу 6-8 часа. Најдобро преку ноќ. Потоа пренесете го во фрижидер на 1-2 часа.
Ако сакате поцврст јогурт.
Претходно скиснлено преку ноќ/На садот ставете хартиен бришач или газа, краевите да излегуваат низ лонецот, покријте со транспарентна фолија и оставете го да се собере вишокот вода. Повторно ставете го во фрижидер.
Откако го имате направено, најпрво одделете од него за да имате за следното правење.
Најдобро да го правите со домашно млеко.Чувајте го во фрижидер. Може да стои до една недела.
Ако случајно испадне редок тоа е заради тоа што млекото били преладно или претопло..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ние дома го земаме со лажица ама тоа веќе за оној цврст јогурт.Овој е среден....