13
ное
2020
Домашен пудинг
Во тенџере на оган го додаваме млекото да се стопли.
Во меѓувреме во друго тенџере ги додаваме шеќерот, густнот и ванилниот шеќер, ги заливаме со топлото млеко и мешаме со жица за матење. Тенџерето го враќаме повторно на оган и мешаме додека смесата не се згусти. Ако ви треба чоколаден пудинг во смесата додајте какао кога ќе ја тргнете од оган и размешајте со жица за матење. Јас овојпат се одлучив за двобоен пудинг т.е откако ги наполнив до пола чашите со бел пудинг во преостантата смеса ставив 2 лажици какао и ги дополнив чашите со чоколаден пудинг.
Лиценца: Сите права се задржани