24
дек
2020
Домашен маџун
Маџунот го правам во домашни услови во голема шерпа на плин на балкон. Не е битна количината бидејќи колку имате црно грозје со толку може и да направите. Едноставно е и не е мачно.
Се зема грозјето и се става во соковник од делимано се цеди. Целиот сок од грозје се става во шерпа и се вари околу 1 саат на тивко.Се вади со лажица пената и се остава да вари додека се згусни. На почетокот се остава слободно да вари.После 40мин се меша за да не загори бидејќи ќе почне да се згуснува .Се собира во мали теглички . Се става во чај ....ние јадеме од сабајле по 1 лајче за имунитет .
Лиценца: Сите права се задржани