Домашен маршмалоу
Многу лесен и едноставен рецепт за ова слатко задоволство кој докажува дека од домашното нема поубаво.
Најпрво желатинот се потопува во ладна вода.
Во тенџере на оган се загрева водата, шеќерот и медот се додека не постигнат температура од 121 степен.
Се трга од оган и се додава желатинот на сирупот.
Белките се матат со миксер, но не премногу.
Полека на страната од садот во кој се матат белките се сипува врелиот сируп и се внимава да не биде директно во белките.
Кога се става сирупот се матат белките со максимална брзина.
Се мати додека не оладат малку и садот може да се допира со раце, да не е премногу врел.
Се додава бојата и аромата и се мати уште малку.
На силиконска подлога се наросува од мешавината од шеќерот во прав и густинот.
Се става смесата во кеса за филување и се прават форми по желба. Се внимава да не се олади смесата и стегне желатинот, затоа се прават побргу.
Исто така може да се сипе во калап прекриен шеќер во прав и густин и откако ќе олади да се исече на коцки.
Откако ќе се направи се нарсува повторно сошеќер во прав и се остава околу час и половина во фрижидер да се стегне убаво.
Се чуват во хеметички затворена кутија во фрижидер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови