Домашен марципан
Доколку сакате вкусен домашен марципан ова е совршен рецепт за тоа.
1. Најпрво бадемите ги потопуваме со врела вода и ги оставаме така да отстојат околу 20на минути, па потоа ги вадиме лушпите од нив. Ги оставаме преку ноќта да се исушат убаво.
2. Утредента така исушените бадеми, ги мелеме ситно, јас ги мелев со блендер, па потоа ги мешаме со шеќерот во прав.
3. Но во меѓувреме го правиме шеќерниот сируп ( 100 мл вода / 100 гр шеќер ) го вариме до точка на вриење и го оставаме убаво да се олади. Откако е оладен додаваме по потреба во мелените бадеми и шеќерот во прав и месиме додека не добиеме убава мека смеса.
Така добиената смеса може да ја користите уште истиот момент.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови