Домашен леб
- Растворете го квасецот во дел од водата додавајки и шеќер. Почекајте да се запени.
- Во садот во кој ќе месите ставете го брашното и измешајте солта во него и замесете тесто од остатокот од водата во која ќе го ставите оцетот -додавајки го притоа запенетиот квасец. Домесете го тестото со маслото. Треба да добиете меко, нелепливо тесто. Брашното не истурајте го одеднаш целото. Ќе биде доволно кога ќе почувствувате на раката дека е меко но не се лепи. Доколку пак е премногу меко - додадете од брашното. Покријте и нека стаса. Премесете го - покријте и пак нека стаса.
- Стасаното тесто извадете на работна површина, поделете на два дела - секој дел размесете и формирајте го во округла форма или форма на векна, или поиграјте си малку правејки му некоја друга форма .. Оставете покриено да стаса.
- Рерната вклучете на 240 степени. Во исто време ставете и плехот на кој ќе се пече. Кога е стасан лебот внимателно пренесето на загреаниот плех, вратете да во рерната и нека се пече 10 мин. потоа намалете на 220 степени уште 10 мин. за да на крај го намалите на 200 или 180 степени (зависно од рерната)... допечете го или пак печете на вашиот вообичаен начин како си печете леб.
Лиценца: Сите права се задржани
Поздрав и имај убав ден :)