
22
авг
2015
Детска раванија
Јајцата се матат со шеќерот додека убаво запенат. Се додава зејтинот и млекото и се мати. Полека со лажица се додаваат брашното и гризот помешани со какаото. Се меша убаво со лажица и смесата се сипе во подмачкан плех да се пече.
Млекото се вари со шеќерот и какаото и млако се прелева врз млакиот колач.
Преливот може да биде и со вода место со млеко, а исто е многу вкусен ако директно се залева со чоколадно млеко. Се остава 1 час да се впие течноста, а потоа може да се стави шлаг крем или пена по желба.
Детска затоа што сите деца повеќе се по чоколадните колачи (барем моиве се такви) и затоа решив на некој начин да им се допадне и парен колач.
Лиценца: Сите права се задржани