30
сеп
2022
Детокс вода со нане чај
Течноста за чајот треба да е околу 400 мл.
Го попаруваме нането и оставаме да излади, па цедиме.
Во чајот од нане додаваме цеден свеж сок од лимон,1 лажичка мед,1 лажица чиа семе и 1 сантиметар рендан ѓумбир.
Го промешуваме.
Оставаме да отстои, па повторно промешуваме.
По желба ставете и свежи листови нане.
Конзумирајте ја оваа течност еднаш во неделата.
Нека е за здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови