Ванила крем и калинка
На подарок добивме огроооомнаааа количина на домашни калинки, па мора да најдам начин да ги искористам максимално, хахах
Па еве го денешниот декоративен и вкусен десерт, како предлог од мене за вашата трпеза.
Пробајте, многу е вкусно.
Во касерола на многу тивок оган ставаме да се варат до згуснување, млекото, шеќерот, ванилата и пудингот од ванила.
Кога е готово го тргаме од оган и постојано промешуваме, за да не се фати коричка и да се излади кремот.
Во сад ги ставаме прашокот за шлаг и ладното млеко.
Матиме до згуснување.
Потоа двете смеси ги соединуваме.
Оваа добиена количина на ванила крем ја распоредуваме на дното на 6-7 чаши.
Оставме да се лади убаво.
Сега во филџан го ставаме желатинот и додаваме ладна вода за да истиот набабри.
Во алатка за цедење на лимон ги цедиме калинките, 2 или 3, во зависност од големината.
Треба да добиеме 200 мл течност.
Течноста ја ставаме во касерола, додаваме шеќер и оставаме да проврие 2 минути.
Тргаме на страна и ја одстрануваме пената доколку ја има.
Тука го додаваме и желатинот да се растопи во топлиот сок.
Промешуваме.
Оставаме да се излади, па ги додваме исчистените зрна калинка.
Промешуваме и нанесуваме врз секоја чаша, врз ванила кремот.
Декорираме со ливчиња нане.
Оставаме во фрижидер 1 час да одстои, па послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани