15
окт
2014
Сок од калинка
Калинките добро исчистете ги од кората.
Гледајте да не оставите од она жолткото затоа што ќе горчи сокот.
Во еден подлабок сад, попрскајте шеќер, па ставете зрнца од калинка.
Стиснете со раката, па пак повторете ја постапката додека имате калинки.
Оставете така преку ноќ, а потоа на блендер убаво испасирајте и исцедете.
Соберете во шишенца и зовријте ги да се повлечат капачињата.
Сокот е преубав,
За здрав не спомнувам, зашто сите знаете дека е здрав.
Искористете го и како додаток во слатки.
На здравје со прекрасниот мирис на калинката.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Малку ванила плус нема да е на одмет :)
А за чистењето Cufka не треба мачење. Исечи ја калинката на пола, и малку подрашири ги половинките, да се размрдаат зрнцата. Стави ја половинката калинка свртена со пресечениот дел во рака и со дрвена лажица силно удирај. Зрцата ке си паѓаат сами, и ќе остане внатре само жолтиот дел.
Многу брзо и ефектно!!!!