Двобојни наполитанки
Зa темниот фил
Во мелените бисквити се става сокот од портокал и убаво се промешува за да се потопат сите бисквити. Во нив се додаваат мелените лешници.
Во друг сад се прави сируп од шеќерот и водата и треба да поврие околу 10тина минути. Сирупот се трга на страна и во него се додава маргаринот да се растопи. Оvаа смеса се додава во претходно измешаните мелени бисквити и лешниците.
За белиот фи
Од наведените состојки се прави пудингот, на крај кога ке се олади се додава маргаринот и се промешува со миксер за да се соединат.
Одкако ќе бидат готови филовите се започнува со редење на обландите. Врз првата обланда се става темниот фил потоа следна обланда и убаво се притиска за да се залепи, па се става вториот фил и целата постапка се повторува за да се употребат сите обланди. Врз последната обланда не се става фил. Одкако ќе се завршат врз нив се става тежок предмет за да се залепат убаво. Се ставаат во фризидер за да се стегне.
Потоа се сечат како штанглички.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови